И ти можеш да бидеш кралица како Селена Гомез: Како да се однесуваш кога ќе ја сретнеш новата девојка на своето поранешно момче?
Не е баш најпријатно кога ќе ја сретнеш поранешната девојка на момчето или поранешното момче со нова девојка.
Пред неколку дена Селена Гомез и Хејли Бибер го срушија Интернетот со фотографиите на кои позираат заедно, во прегратка и со насмевки на лицето.
Каква кралица е Селена, сепак позираше со жената на своето поранешно долгогодишно момче, како ништо да не се случило. Не може да се заборави дека Хејли со години беше напаѓана од страна на обожавателите на Селена, обвинувајќи ја дека ѝ го преземала Џастин. Ретски се оние девојки кои од прва ќе налетаат на принц на бел коњ и кои зад себе немаат некоја пропадната врска. По крајот на љубовта, твоето поранешно момче и ти продолжувате со животите. Со текот на време сигурно ќе слушнеш или ќе видиш на социјалните мрежи дека во неговиот живот се појавила некоја нова деовјка. Дали се запраша, откако ги виде фотките од Селена и Хејли, како би се однесувала ти доколку ја сретнеш девојката на своето поранешно момче? Тоа би мжело да се случи некогаш, па ајде да разработиме во глава неколку можни сценарија и да размислиме што би направиле во таква ситуација.
# Доколку не се познавате официјално, едноставно игнорирај ја
Доколку ти и новата девојка на твоето поранешно момче не се познавате личност, туку ти ја знаеш само затоа што си ја побарала на социјалните мрежи, за време на случајната средба настојувај да не ја гледаш нападно, бидејќи таа има шанси да знае која си ти, можеби твоето поранешно момче ѝ зборувал за тебе. Најдобро е да ја игнорираш, како да не знаеш која е.
# Си налетала на нив дваца додека се шетаат заедно, што сега?
Ако твоето поранешно момче го сретнеш на улица како се држи за рака со својата нова љубов, додека разменуваат заљубени погледи е малку незгодна ситуација. Остани кул. Доколку ти и твоето поранешно момче сте имале нормална разделба, без премногу драми, доколку од тогаш поминало повеќе време, поздрави ги најнормално. Така ќе му дадеш до знаење дека си го преболела и дека во потполност си рамнодушна кон сè што се случило.
# Ги среќаваш поранешното момче и неговата нова девојка со која безобразно се гледал додека сте биле заедно
Што ако твоето поранешно момче го сретнеш со девојката која неодамна ти го преземала и со кој те изневерувал некое време и ете, сте налетале едни на други на улица или на некоја забава? Секако дека таа двојка не заслужува ни да ја погледнеш. Што и да почувствуваш во тој момент, немој да дозволиш да ти ескалираат емоциите. Воздржи се од било какви сцени или полудување во јавност, бидејќи на сите околу тебе ќе им биде јасно колку си повредена, а тебе подоцна ќе ти биде жал затоа што реагирала емотивно. Главата горе, единствените кои би требало да се срамат се тие двајца, бидејќи направиле нешто одвратно.
Да заклучиме, треба да земеш пример од Слеена Гоемз која се однесува разумно и рационално. Не мораш да пиеш кафе, ниту да се дружиш со девојката на своето поранешно момче, но однесувај се нормално доколку ја сретнеш. Без разлика дали уште те боли, без разлика дали тагуваш за него, запамети дека времето ги лечи раните, а тебе можеби утре, некоја нова љубов ќе ти тропне на вратата.
фото: Принтскрин / Инстаграм