Ѝ велат дека не е женствена бидејќи има влакна по телото: Популарната ТикТокерка жестоко го возврати ударот (ВИДЕО)
Млада девојка им го возврати ударот на „хејтерите“ кои тврдат дека жените со влакна на телото не се женствени...
ТикТокерката Спенсер Барбоса стана позната благодарение на тоа што го покажа својот влакнест грб. Девојката која го поминува своето време разбивајќи ги митовите за женските влакна на телото стана вирална на ТикТок и сега има повеќе од 8 милиони следбеници и повеќе од 500 милиони лајкови. Влакната на грбот се проблемот. Во едно такво видео таа го напиша она што кружи на социјалните мрежи:
„Девојките не би требало да имаат влакна позади“ - гласеше еден од коментарите.
Додека 20-годишната девојка ги откри темните влакни на долниот дел од грбот, се сврте и кажа дека се грижи што мислат „хејтерите“ за нејзиното тело. Во друга објава, Спенсер откри дека никогаш нема да престане да создава содржини за влакната на телото. Потоа, доби коментар дека влакната на телото не се женствени.
@spencer.barbosa no hate to the mom in the video just had to make it clear that this hate is NOT acceptable. if you wanna shave, shave! if you dont! dont! #girls #feminine #relatable #bodyhair #teenager original sound - spencer barbosa
Гледајќи шокирано во камерата, Спенсер тогаш ги покажа влакната на грбот и рацете - што е очигледно дека не ја прави помалку женствена.
„Јас сум женствена“ - напиша таа, додавајќи: „Никогаш нема да престанам да ги објавувам своите влакна. А, вие кои коментирате дека тоа е грозно, сте искомплексирани и никогаш не се немате прифатено себе“.
@spencer.barbosa GIRLS WITH BACKHAIR UNITE #girls #relatable #bodyhair #teenager #bodyimage #confidence sorry I didnt order a glass of your opinion - Jann (Taylor's Version)
Оттогаш нејзините видеа станаа вирални со повеќе од 73 милиони прегледи и 8 милиони лајкови. Многумина ја пофалија девојката дека е искрена кон влакната на телото, ддоека други ѝ се заблагодарија што им покажала дека тоа е нешто сосема нормално.
Еден корисник на ТикТок ѝ напиша: „Значи, тоа е нормално? Јас сум толку самосвесна во врска со своите влакна на грбот“.
Друг корисник додаде: „Ако влакната на телото не се женствени, зошто тогаш жените се раѓаат со нив?“, а трет истакна: „Да не ни е судено да имаме влакна таму, тогаш не би ни растеле“.
фото: Принтскрин / ТикТок