Иако шишките не се омилена фризура, Џиџи Хадид сепак ги прошета: Еве како ѝ стојат

Објавена во: Мода // Moj стил

Секогаш сметаме дека шишките се добра идеја и точно таа промена е онаа што ни е потребна. Додека не ги направиме. Потоа удираме со главата во ѕид и се прашуваме зошто повторно сме го направиле тоа, иако веќе 10 пати сме кажале дека никогаш повеќе нема да го направи.

Или ги сакаш или ги мразиш, тие се шишките. Особено рамно исешечените. Тие се добра промена ако сакаш малку да ја освежиш фризурата, но да ја задржиш должината на косата. 

Џиџи Хадид не е една од оние познати ѕвезди кои често ја менуваат фризурата, но сега објави фотографии на кои ги покажа своите нови шишки. Пред некое време ја промени бојата на косата, а сега и ова. Погледнете како изгледа сега:

Познатата манекенка се одлучи за долги и густи шишки, а поради бојата на косата, оваа фризура како уште повеќе да ѝ ги нагласува очите, пишува Teen Vogue. Иако на многумина не им стои добро оваа фризура, Џиџи дефинитивно не припаѓа во таа група. А, можеби само ја погодила вистинската должи и облик за своето лице, сепак таа има цела армија од стилисти и фризери зад себе. 

Како ти се допаѓа повеќе - како што изгледаше претходно или сега?

Можеби ќе ве интересира: