Има 11 години и стомачни на кои многу момци би му подзавиделе: Панчо од ДНК е горд на својот постар син (ФОТО)

Има 11 години и стомачни на кои многу момци би му подзавиделе: Панчо од ДНК е горд на својот постар син (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Владимир Блажев, попознат како Панчо од ДНК или како Диџеј Шорти Пи често споделува фотографии од своите синови и не крие колку е горд на нив.

Секоја објавена фотографија од нив е проследена со емотивен опис, но овој пат Панчо направи исклучок. Имено, тој сподели фотка на која се тој и неговиот постар син Андреја.

Главен акцент на фотката се стомачните кои ги има ова 11-годишно момче, а тоа уште еднаш во описот го потврди и Панчо.


Освен Андреја, Панчо со сопругата Маја го има и синот Марјан. На прашањето какви деца се неговите синови и кои свои особини ги препознава кај нив, Панчо во интервју за Женски Магазин раскажа:

„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив. Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Марјан е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели?“

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: