Има 24 година, оди на забави со Ријана и Бела Хадид и тукушто стана милијардер

Има 24 година, оди на забави со Ријана и Бела Хадид и тукушто стана милијардер

Објавена во: Мода // Moj стил

Тој има 24 година. Оди на забави со Ријана и Бела Хадид и гледа натпревари со Јао Минг. И да, оваа недела стана милијардер.

Ерик Це, кој неодамна дипломираше на Универзитетот во Пенсилванија, доби 3,88 милијарди долари во акции во компанијата на неговото семејство.

Неговите родители се одлични директори на компанијата „Sino Biopharmaceutical Limited“, а во вторникот на својот син му доделија една петтина од вкупните акции, наведе компанијата во соопштение.

Це, кој е од Хонгконг е најновиот член на „клубот азиски милијардери“, сепак не сака да учествува во рангирањето според богатство.

Она што ова момче го сака е да остане „во сенка“. Меѓутоа, неговиот Инстаграм профил говори нешто поинаку, па се гледа дека со познатите личности се дружел и пред официјално да стане милијардер, пишува CNN.

Бордање во Јапонија, пливање со делфини на Бахамите, а на паузите забави со Ријана и Бела Хадид. Животот на ова момче е навистина возбудлив. Но, тоа не е за чудење, бидејќи неговиот татко претходно бил член на Кинеската народна политичка консултативна конференција, највисокото политичко советодавно тело во земјата. 

Во соопштението на компанијата се наведува дека акциите се префрлени на младиот Ерик за да се „унапреди управувањето и наследството на семејното богатство“.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: