Има само 19 години,а е голема ѕвезда на Интернет: Како Хасбула стана вирален?

Има само 19 години,а е голема ѕвезда на Интернет: Како Хасбула стана вирален?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Познат е благодарение на видеата кои ги објавува на својот Инстаграм профил, почнувајќи од крајот на 2020 година...

Хасбула Магомедов е ѕвезда на социјалните мрежи, која го освои светот во последните неколку години и тоа, благодарение на својот изглед, борбен говор и очигледна самодоверба да се изедначи со едно од најголемите имиња, кога се боречките спортови во прашање.

Ако сте редовен корисник на Инстаграм или ТикТок, најверојатно сте го запознале Хасбула, но за оние кои првпат слушаат за него или не знаат многу за него, во продолжение ќе најдат повеќе детали за ова име, кое е вистинска сензација на Интернет.

# Основни податоци за Хасбула:

Име: Хасбула Магомедов

Возраст: 19 години

Година на раѓање: 2003

Националност: Русин

Нето вредност: 100.000 (проценето)

Инстаграм: @hasbulla.hushetskii - 2,6 милиони следбеници

# Кој е Хасбула?

Хасбула е Интернет ѕвезда од Република Дагестан. Познат е благодарение на видеата кои ги објавува на својот Инстаграм профил, почнувајќи од крајот на 2020 година. Сега има 2,6 милиони следбеници, а видеата на ТикТок почнаа да стануваат вирални во 2021 година.

Од Дагестан има потекло и големиот ММА борец - Хабиб Нурмагомедов. Всушност, тие двајца се блиски пријатели, бидејќи Хасбула дури го нарекуваат „Мини Хабиб“.

# По што е познат Хасбула?

Најголем дел од медиумското внимание кое Хасбула го доби за кратко време беше резултат на тоа што го повика Абду Розик на борба. Розик е во слична состојба како и Хасбула, но до борба не дојде, бидејќи Спортсткото друштво на мали луѓе во Рисија, таа борба ја нарече „неетичка“.

Без оглед на тоа, популарноста на Хасбула на социјалните мрежи не се намали, а дури и познатиот Џо Роган зборуваше за него во еден свој подкаст, нарекувајќи го „Мини Хабиб“.

„Кој и да се занимава со него, прави феноменална работа. Затоа што има 18 години, зарем не? Тој е насекаде“ - кажа тој.

Хасбула дури го прозва и ирскиот ММА борец, Конор Мекгрегор на борба, велејќи: „Сакам да го казнам овој (Конор Мекгрегор). Тој премногу зборува“.

# Колку години има Хасбула?

Хасбула има 19 години. Многумина можат дека претпостават дкеа е многу млад, поради неговиот низок раст и пискав глас, но тоа е резултат на неговиот џуџест раст.

# Каква е здравствената состојба на Хасбула?

Хасбула е роден со недостаток на хормонот за раст, кој инаку е познат како џуџест раст, поради што многу луѓе прво би можеле да помислат дека е многу помлад од тоа што неговиот извод на раѓање сугерира.

# Колку е висок Хасбула?

Бидејќи Хасбула има џуџест раст, тој е висок само еден метар. Исто така, тврди дека тежи околу 16 килограми.

# Нето вредноста на Хасбула

Благодарение на растот на неговата популарност на социјалните мрежи, нето вредноста на Хасбула се проценува на 100.000 долари. Меѓутоа, додека неговата борба со Абду Розик уште не се случи, Хасбула и понатаму се надевам дека тоа ќе се случи еден ден - нешто што го кажа во своето прво интервју за „Barstool Sports“. Ако таа борба се случи, очекувајте неговата нето вредност да се зголеми.

# Првото интервју на Хасбула

За време на своето прво интервју кое го даде за „Barstool Sports“, Хасбула откри дека има страст кон автомобилите, признавајќи дека сака да дрифта. Тој, исто така, уште еднаш ја покажува својата „бестрашност“, тврдејќи дека „мозокот“ на водителот Кејлеб Присли „не е целосно развиен“ затоа што сака да гледа цртани филмови. Исто така, откри и дека повеќе сака мачки, отколку кучиња.


# Турнеја низ Австралија

Хасбула ќе биде во Австралија од 29 август до 1 септември, со два настани во Сиднеј и два во Мелбурн.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: