Имала тешко детство: Милица Тодоровиќ со солзи во очите зборуваше за приватниот живот
Пејачката ја преплавија чувствата кога се сети на почетокот на кариерата...
Во една емисија, Милица Тодоровиќ зборуваше за својот приватен живот, а потоа се сети на детали од кои ѝ дојдоа солзи на очите.
„Јас почнав да работам од 13 години, така што имаше ситуација кога ме...“ - зпаочна Милица, по што во истиот момент се обиде да ги задржи солзите.
„Имав ситуации каде пријателите ме викаа да одиме во град, а јас им велев дека не можам, бидејќи морам да работа. И денес се слушам со тие пријатели. Јас пеев на својата матура. Се трудев да се нашминкам, но сѐ расипав... Сето тоа го гледам како судбина“ - рече пејачката.
Песните на Милица денес бројат милиони, а она е една од ретките пејачки која успеа да ја изгради својата кариера без некои поголеми скандали.