Имаше само 18 години: Познатиот ТикТок почина од рак
Семејството на познатиот ТикТокер им се обрати на обожавателите на Харис со многу потресни зборови...
Познатиот ТикТокер од Канада, Харисон Гинкс, ја изгуби борбата со лошата болест на 18 години.
Имено, како што е познато, на него во 2020 година му бил дијагностициран рак.
Три години се борел со оваа болест, меѓутоа на 30 март починал во болница, пишува „CBC News“.
Семејството на познатиот инфлуенсер им се обрати на обожавателите на Харисон со потресни зборови:
„Харисон беше инспирација за многумина. Неговата насмевка можеше да ја осветли собата, неговата насмевка можеше да го расположи секој човек. Тој беше нашето сонце по облачните денови. Секогаш пронаоѓаше добро во секоја ситуација и ги допре животите на многумина со своите пораки полни со надеж и охрабрување низ своите ТикТок видеа, каде го споделуваше со светот своето патување со ракот“.
фото: Принтскрин / ТикТок