Инстаграм ѕвездата откри како настануваат совршените фотки кои изгледаат како од магазин

Инстаграм ѕвездата откри како настануваат совршените фотки кои изгледаат како од магазин

Објавена во: Мода // Moj стил

Зад фотографиите кои се инспирирани за кампањи на модните куќи кои се занимаваат со високи моди стои 23 - годишната Кимберли Доглас. За разлика од модните брендови, Кимблери сама е заслужна за целокупната сценографија и реквизити. Освен прекрасните конечни резултати, оваа инфлуенсерка која на Инстаграм има над 155.000 следбеници, објавува фотографии и видеа од целиот процес.

Како што изјави за Insider, нејзината крајна цел е да потпише договор со модна агенција, но исто така сака да им покаже на луѓето дека е можно да направи нешто прекрасно без многу пари или скапи опреми. Кимберли не можела да си дозволи професионален фотограф, а сакала да добие искуство во моделингот и да започне свое портфолио, па одлучила да се фотографира сама.

Некои од настанатите фотографии се инспирирани од модни кампањи и магазини, додека некои настанале исклучително како нејзина идеја. „Барам инспирација на Pinterest, филмови, возење низ квартот и секогаш размислувам што да направам понатаму“ - рече инфлуенсерката од Јужна Калифорнија, а потоа додаде: „кога ќе го смислам концептот, следното за што размислувам е од кои агли фотографијата ќе изгледа најдобро“.

Освен со фотографирање, Кимберли моментално се занимава со доставување храна, а желба и е да успее во моделингот, но и како сценографка. Како што можеме да видиме, искуството веќе го има, како и идеи кои досега успешно ги реализира. Погледнете го нејзиниот инстаграм профил за да погледнете уште неколку нејзини слики. 

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: