Избегни ги сите недоразбирања и можни разочарувања: Како надобро да му објасниш на фризерот каква фризура сакаш?
Не мораш од салонот постојано да излегуваш разочарано...
Голем број девојки ја поминале оваа ситуација: имаш визија за твојата совршена фризура, а од салонот излегуваш со нешто потполно поинакво. Заштеди време, пари и нерви со овие совети за одличен разговор со твојот фризер.
# Фризерот мора да ја види и почувствува вашата коса пред миењето
Пред да ја навалите главата и да уживате во масажата на темето, бидете сигурни дека вашиот фризер добро ја погледнал и почувствувал вашата коса за да може ја одреди нејзината состојба и текстура.
# Користете исправни изрази
Користете исправни придавки. Доколку сакате шишки, нагласете дали сакате благи, степенасти шишки или пак густи и рамни.
# Носете инспирација со вас
Доколку во магазин или на Инстаграм налетате на фризурата која ви се допаѓа, сочувајте ја фотографијата и покажете ја фризерот. Земете ја предвид сопствената структура и густина на косата и времето кое сакате да го поминете стилизирајќи ја својата коса.
# Бидете внимателни кога ги користите изразите „кратко“ и „пократко“
Прашајте ја фризерката да ви покаже колку точно коса сака да ви скрати, за доколку не се сложувате со нејзиното мислење да имате време да реагирате.
# Кажете колку се трудите околу фризурата
Кажете и на својата фризерка колку време сте подготвени да потрошите на обликување на косата за да знаете каков стил на фризура најдобро ви одговара со оглед на вашиот животен стил.
# Не плашете се да бидете напорни
Немојте да мислите дека фризерот ќе се навреди доколку му поставувате многу прашања за својата коса. Доколку барем само еден чекор ве загрижува, кажете му на фризерот додека не е прекасно.