Извиткајте ја косата со чорапи: Упатство за добивање на совршени локни
Дали би се осмелиле да го пробате овој необичен тренд?
Ви подаруваме супер трик со кој може да ја извиткате косата без да ја оштетите. Се што ви е потребно се (чисти) чорапи, неколку ластичиња за коса и добра волја.
ТикТок не престанува да не изненадува со своите трикови за убавина на кои никогаш не би се сетиле, а овој последниот дефитивно ве воодушеви. Откако ТикТокерите ја покажаа техниката за виткање на косата со користење на ремен за пењуар, на истата популарна мрежа почна да се шири хаштагот #sockcurls. Имено, под тој хаштаг може да се најдат сите девојки кои пробуваат да добијат локни со користење на чорапи. И додека некои девојки мислат дека оваа техника бара многу внимание, на другите чорапите им станаа омилена алатка за постигнување на прекрасни локни без да ја уништуваат косата со различни апарати за коса.
Иако техниката можеби не е толку едноставна, како виткањето со фигаро и пегла, навистина не е толку комплицирана како што делува. За почеток, измиената, исчешланата и полуисушената коса поделете ја на неколку еднакви делови. Доколку сакате ситни и спирални локни, косата поделете ја повеќе мали делови, а за плаги и природни локни одберете поголеми прамени. Потоа потпрете го долгиот замотан чорап на праменот и завиткајте ги наизменично двата прамени околу чорапот во облик на буквата Х, почнувајќи од коренот на косата. Кога ќе стигнете до краевите на косата, прицврстете го чорапот и праменот со ластиче.
@katesal693 An official tutorial on how to do the sock curls for all my girlies out there—- AND THEY LITERALLY LAST DAYS ##fyp ##foryou ##sockcurls
original sound - katesal693
Оваа постапка повторете ја со сите прамени и оставете ја косата да се исуши природно. Кога косата ќе биде потполно сува, одмотајте ги прамените, отстранете ги чорапите од глава и разбушавете ги или расчешлајте ги локните. Оваа техника е одлична бидејќи не ја оштетува косата, а ќе ја обожаваат сите девојки кои сакаат да имаат фризура со волумен и локни, а не сакаат да ја уништуваат со апаратите за стилизирање.