Ја нападнаа Тејлор: Велат дека ја ископирала Бијонси!
Излезе долгоочекуваниот видео запис за новата песна на Тејлор Свифт, „You Need To Calm Down“ и некои луѓе веднаш почнаа да ја критикуваат на Твитер. Пејачката ангажираше подолга листа на холивудски ѕвезди за видео записот, а целата сценографија изгледа како да сте во фабрика за шарени бомбони и шеќерна волна. Некои тврдат дека ова е LGBT химна, па затоа им се допаѓа, а некои пак ја нападнаа затоа што со видеото се шират стереотипи.
Но, има и такви кои мислат дека Тејлор ја има ископирано Бејонси, односно нејзиниот спот за песната „Party“.