Ја пегла секој ден: Ова е природната фризура на Мартија
На фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи, младата пејачката Мартија Станојковиќ секогаш е тип топ средена. Од „аутфит“ па се до нејзината коса, која на фотките најчесто и е права.
Поради тоа, сите мислат дека таа е една од среќните девојки кои не мора да ја пеглаат косата. Во овој период на изолација, Мартија откри како всушност изгледа нејзината коса.
„Во случај да се прашувате... Секој ден ја исправав мојата коса. Ова е мојата природна брановидна коса“ - напиша покрај фотографијата која ја сподели на Инста стори.