Јана Серафимова: Се шминкам само ако морам!
Нејзиниот ден почнува многу рано, а со насмевката и со шармот успева да им го разубави денот и на гледачите. Јана Серафимова до скоро беше дел од Утринската програма на ТВ „24“, а сега е дел од прилозите на повеќе емисии од нејзината матична куќа. Јана е едно од најубавите наши Тв лица, и иако е диполмиран музичар, одлично се снаоѓа во телвизискиот предизвик кој е нејзин избор. Денеска сме пред огледалото на Јана, а таа ни ги открива своите ритуали за убавина.
* Каков е твојот дневен козметички ритуал?
- Секако дека секојдневно ги употребувам сите препарати кои се добри пријатели на кожата на лицето и телото, со цел да имам мека, мазна, хидрирана и миризлива кожа и коса. Шминка употребувам само доколку морам, а во денови кога работата тоа не го бара од мене, и на работа одам речиси без никаква шминка на лицето.
* Со какви препарати го негуваш лицето?
- Пилингот за лице е задолжителен за комплетно чиста и мека кожа, го употребувам редовно, а омилени ми се пилинзите на природната козметика LUSH. На моето лице, најмногу му одговараат хидратантните креми, без разлика дали ги нанесувам преку ден или навечер, за тоа секогаш е тука NIVEA. Понекогаш, ретко, употребувам и серум за пределот околу очите како добро оружје против темните кругови, најубавиот што до сега сум го употребила е од козметиката на VICHY.
* Посетуваш ли козметички салони?
- Да, редовно. Искрено, не ми се омилени, но според мене посетата на козметички салон е неопходна барем за одржување на основната нега на жената. Дополнителните и луксузните третмани секако дека не се на одмет, за оние кои можат да си ги дозволат.. (ха,ха).
* Кои производи ги употребуваш за нега на коса?
- Негата на косата мене лично ми е најтешкиот дел, од причина што имам сува и виткана коса, што редовно ја фенирам, а топлината баш и не е пријател на косата. Затоа за нега на коса имам и најмногу препарати. Мојот моментален избор за шампон и регенератор е DOVE - на база на масла наменет за сува коса. Ја употребувам KEUNE – Care/Vital Nutrition маската за коса. Мојот избор за силиконски капки се секогаш AVON Smooth as silk.
* Што сакатш да прикриеш, а што да истакнеш со шминка?
- Ретко сакам нешто конкретно да прикријам со шминка, можеби неизедначеност во тенот на лицето, без тоа не би имала добра подлога за комплетна шминка. Имам сини очи, па најчесто нив ги истакнувам при шминкањето....
* Кои се твоите омилени козметички производи?
Пилинг за лице, млеко за тело, нежен сјај за уста, маскара, парфем....
* Што носитш секогаш во твојот несесер?
- Крема за раце, влажни марамчиња, сјај за уста или кармин, коректор, парфем.
* Омилен парфем?
- JIMMY CHOO
* Како ја одржуваш линијата?
- Во одржувањето на мојата линија немам никакви потешкотии. Засега во тоа успевам и без примена на редовна физичка активност. Се трудам да пијам што повеќе вода во текот на денот и да конзумирам свежа храна, овошје и зеленчук.
Милица Џаровска