Каде е и што прави најмладиот син на Мајкл Џексон: Еве зошто го нема цела деценија во јавноста (ФОТО)

Каде е и што прави најмладиот син на Мајкл Џексон: Еве зошто го нема цела деценија во јавноста (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Сите коментираат дека најмногу личи на познатиот татко...

Една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња зад себе остави три деца - синовите Принц и Биги и ќерката Парис.

Имено, Биги е најмладото дете на Мајкл Џексон кој многу ретко се појавува во јавноста. Последен пат даде изјава за документарецот „Jacksonology: Our Story“. Тогаш истакна дека не сака да оди по стапките на татко му.

Биги нема социјални мрежи, тренира боречки вештини, студира на колеџот „Buckley School“, а за време на пандемијата го основаше здружението „Heal Los Angeles“, кое обезбедува храна за сите оние на кои им е тоа потребно.

Имаше само 7 години кога кралот на попот ненадејно почина во 2009 година. Го израсна баба му Кетрин, како и неговите брат и сестра.

Јавноста го запозна Биги кога имаше само 9 месеци, кога татко му го покажа од терасата на хотел во Берлин, во кој тогаш престојуваше. Оваа постапка, луѓето жестоко ја осудија, бидејќи им изгледаше дека не го држи бебето како што треба и дека ќе му падне во секој момент.

„Понекогаш одев во собата на татко ми, додека тој се подготвуваше за некој настап и го гледав. Беше добар, многу добар пејач. Јас не умеам да танцувам, а ни да пеам. Не сум тој тип кој знае да пее и танцува. Кога ќе пораснам сакам да бидам режисер, бидејќи е забавно, а сега снимам кратки филмови кога сум дома со роднините и пријателите. Татко ми ми кажа дека е добро да го правам она што што сакам да го работам“ - кажа Биги во една прилика.

Како старее, најмногу потсетува на својот покоен татко, коментираат многумина.

Пред неколку месеци направи исклучок, кога се појави со брат му и сестра му на премиерата на мјузиклот „MJ: The Musical“.

Со години никој не знаеше како Биги изгледа, додека папараците случајно не го „уловија“ во Калабас во Калифорнија, а се дознало дека откако станал полнолетен, таму минатата година купил вила вредна 2,6 милиони долари.

Мајкл, Принц и ќерката Парис ги добил со својата втора сопруга, медицинската сестра Деби Роув, додека најмладиот Биги му го родила сурогат мајка. Ги израснал со помош на дадилки на имотот „Neverland“, а се погрижил да им биде добро и по неговат асмрт и на секое дете му оставил третина од своето богатство, кое го поделил на делови, а последниот ќе го добијат кога ќе наполнат 40 години.

фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: