ВИКЕНД ХОРОСКОП: Љубов од минатото ќе затропа на вратата на еден знак
Овен
Доколку сте сингл немојте да дозволите нешто да ве спречува да излезете и да се забавувате. Планетите ви доготвуваат некоја интересна средба која никако не смеете да ја пропуштите. За оние кои се во врска, ова е супер викенд, бидејќи ќе бидете полни со енергија.
Бик
Дефинитивно сакате да излезете вечерва и добро да се забавувате. Доколку излезете во близина на вашиот дом, имате шанса да запознаете некој интересен лик. Вие кои сте во врска, испланирајте некој убав состанок. Имате потреба и желба да поминете време со саканата личност.
Близнаци
Чувствувате дека би требало да останете дома. Но, немојте да се изненадите доколку телефонот изненадно заѕвони и на екранот го видите името на поранешниот кој се „повампирил“. Можеби Меркур не е веќе ретрограден, но они кои се во врска ќе имаат средба со минатото во вид на некој поранешен партнер или стара кавга која не е завршена. Пробајте да ја избегнете секоја можна драма.
Рак
Вечерва ви се закува опасност да останете дома. Бидете внимателни поради оваа одлука да не го расипете пријателството. Вашите потреби и потребите на партнерот се заобиколуваат. Минатиот месец ви беше исполнет со кавги, но сега е време да направите нешто по тоа прашање. Бидете искрени со вашите емоции и разговарајте со партнерот.
Лав
На вас овој месец ви е роденден, па така се ви оди од рака. Изгледате добро, фантастично се чувствувате и сите се вртат по вас каде и да се појавите. Доколку сте во врска, вистинско време да започнете да ја искажувате вашата љубов. Август и овој викенд ќе ви бидат најроманични досега, па затоа искористете ги шансите.
Девица
Кај вас настапи некоја суша на љубовно поле во последно време. Можеби некој нов ќе ви се додворува, но само доколку излезете од доам или од школката во која сте затворени. Оние кои се во врска сега треба да разговараат со партнерот дали навистина се еден за друг. Само полека, мирно и без кавги.
Вага
Вашиот знак го следи репутација и ви секогаш имате три или четири слатки додворувачи кои се тука околу вас. Овој викенд дефинитивно ќе живеете во таква репутација. Вагите кои се во врска овој викенд ќе се забавуваат со партнерот и пријателите.
Шкорпија
Некој кој не е ваш тип веднаш ќе ви падне во око. Кој и да е во прашање во потполност ќе го промени вашиот поглед на врските и забавувањето. Оние кои се во врска имаат малку посмели предлози за партнерот овој викенд. Кој не презема ризик, не добива ништо.
Стрелец
Пријател или некој од вашето друштво ќе покаже интерес за вас, а тоа нема да ви падне тешко. Зафатените Стрелци се подготвени за авантура со партнерот оваа недела. Испланирајте мал пикник надвор од градот и уживајте.
Јарец
Ќе чувствувате инстант конекција со некој странец, пишува Cosmopolitan. Тоа нека не ве чуди, прекрасно изгледате и се чувствувате како милион долари. Тие кои се во врска нека се подготват за едно скалило погоре во врската.
Водолија
Комшиите овој викенд ќе ви тропаат на вратата и ѕидот за да бидете потивки. Забавата ќе биде вашиот заштитен знак! Зафатените ќе поминат време со партнерот планирајќи ја иднината и важните разговори поврзани во оваа тема.
Риби
Нешто постојано сте зафатени и имате многу обврски, а е лето. Вашиот знак по стереотипите е многу срамежлив, но доколку започнете разговор со некој бидете сигурни дека тоа ќе биде полн погодок. Зафатените се подготвуваат за прекрасен состанок со партнерот.