Кајли Џенер го покажа првиот бикини сезонава - еве какви ќе се носат ова лето (ФОТО)

Кајли Џенер го покажа првиот бикини сезонава - еве какви ќе се носат ова лето (ФОТО)

Објавена во: Must have, Crush Of The Week

Едноставен, но впечатлив.

Кајли Џенер поставува трендови, без сомнение во тоа. Семејството Кардашијан-Џенер замина на еден од своите одмори, а секако ги покажаа своите нови бикини. Кајли го покажа првиот сезонава!

Сезоната на бикини наскоро ќе биде тука и за нас останатите, но сестрите Кардашијан веќе ги започнаа своите одмори. Заминаа на одмор, а на Инстаграм не престануваат да ги покажуваат своите комбинации и колку се забавуваат. Ким и Клои имаа „matching“ бикини, но вниманието го привлече и бикинито што го носеше Кајли. Секако, станува збор за дизајнерско парче на Шанел и иако е прилично едноставно, она што го прави поинакво и поинтересно е купот циркони со кои е украсен.

Дали ова ќе биде тренд во светот на бикините што ќе го носиме ова лето? Не би било првпат Кардашијан-Џенер да ги инспирира девојките ширум светот и да диктира какви парчиња се носат.


[img src="https://hashtag.mk/media/inline/2024/04/Snapinsta.app_435702897_384489251211155_7372968420182110146_n_1080.jpg">


Дали ова лето ќе носиме бикини со циркони кои ќе светат на сонце? Или повеќе сте за горен дел со змиски принт каков што носеа Ким и Клои? Со оглед на тоа дека трендот на леопард моментално е голем хит во пролетниот моден свет, во лето би можел да биде заменет со нов.


Бикините што го носи Кајли ќе биде повеќе за оние кои сакаат едноставност, а од Ким и Клои за оние кои сакаат да изненадуваат, да бидат во центарот на вниманието и да се истакнуваат.


ФОТО: Инстаграм


Објавена во: Must have, Crush Of The Week

Можеби ќе ве интересира: