Кајли Џенер непрепознатлива: Од карантин го покажа вистинското лице

Кајли Џенер непрепознатлива: Од карантин го покажа вистинското лице

Објавена во: Мода // Moj стил

Кајли ја посети пријателката Стејси Караниколау, а фотографите ја уловија во издание во какво што долго ја немаме видено...

Милијардерката Кајли Џенер е фотографирана без грам шминка пред совјот дом на Беверли Хилс, додека заминувала во посета на пријателката.

Кајли често ги потсетува своите 171 милион следбеници на Инстаграм зошто треба да останат дома за време на пандемијата, но таа самата одлучи да ги прекрши своите зборови и да одмори од карантинот.

22 - годишната милијардерка, минатиот викенд ја посети својата најдобра пријателка Стејси Караниколау, а фотографите ја уловија во лежерно издание во какво што долго време ја немаме видено.


Без грам шминка на себе изгледа тотално непрепознатливо, за разлика од она што им го покажа на своите обожаватели.

Џенер, која инаку е сопственик на козметичка линија, благодарајќи на која може засекогаш да ужива во луксузен живот, делуваше среќно додека излегуваше од својот дом, секако со насмевка на лице.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: