Кајли го покажа плакарот за чевли на нејзината ќерка: Повеќе од 30 пара чевли, патики „Баленсијага“, папучи „Шанел“
Најмладата милијардерка на светот не штеди, кога е нејзината ќерка во прашање...
Кајли Џенер покажа како изгледа плакарот на чевли на нејзината 2 - годишна ќерка, Сторми Вебстер, а гледката во истиот ги изненади сите.
Кајли објави фотографија од својата наследничка која си игра пред одворениот плакар, а нејзината колекција со обувки на сите им падна во очи.
Сторми има повеќе од 30 пара обувки, меѓу кои најмногу има патики во бела боја, повеќе од 10 пара, како и папучи, сандали, чевли... Сите забележаа дека колекцијата на ќерката на Кајли која има само 2 година, содржи чевли кои таа може да ги носи најмногу една сезона, бидејќи нејзините нозе многу брзо растат.
Ова е уште еден доказ дека најмладата милијардерка не штеди кога е нејзината наследничка во прашање, па така Сторми има Баленсијага патики, Шанел папучи, како и многу други парчиња од познатите дизајнери.