Кајли призна дека ја крие својата вистинска личност од јавноста: Причината е малку тажна

Кајли призна дека ја крие својата вистинска личност од јавноста: Причината е малку тажна

Објавена во: Мода // Moj стил

Животот на семејството Кардашијан - Џенер со години е под лупа и иако на некои тоа им изгледа супер, ова има и свои негативни страни...

Кога започна да се снима серијата „Во чекор со Кардашијанс“, Кајли имаше само 9 години. Од тогаш до денес постојано е под светлата на рефлекторите, а иако многу луѓе ја сакаат, многу се трудат да пронајдат нешто за да ја „изхејтаат“.

Да пораснеш пред очите на јавноста на некој може да му изгледа како супер живот, но Кајли со една своја изјава покажа дека колку е добро, толку е и лошо. Поради тоа што обожавателите толку долго ја гледаат на ТВ или ги следат нејзините објави и живот на социјалните мрежи може да мислат дека ја познаваат и знаат каква е. Во една од своите последни изјави покажа дека тоа е далеку од вистината. Призна дека својата вистинска личност веќе некое време ја крие од јавноста.

Пред неколку дена Џејмс Чарлс на својот Јутјуб канал сподели видео во кое работеше на „мејкап“ изгледот на Кајли за Денот на вештерките. Зборуваа за многу работи додека ја шминкаше, а во еден момент Кајли призна дека има чувство дека не може да биде вистинската Кајли пред камерите и јавноста. „Многу долго ја покажував својата вистинска личност на Vine и Инстаграм, но како станував популарна и попозната, сфатив... кога луѓето зборуваа многу грозни работи за мене, за тоа каква сум, за мојата личност и работите кои ги сакам на себе, тоа ме болеше“ - раскажа Кајли и додаде дека затоа почнала за јавноста да „игра улога“, а вистинската Кајли да ја крие од очите на јавноста. „Започнав да покажувам помалку од мојата вистинска личност, што е тажно. Тажна сум поради тоа“ - додаде. Џејмс спомена дека Кајли е всушност смешна и забавна, што можеби луѓето не знаат. 

Целото видео може да го погледнете во продолжение:


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: