Како да ги исчистите старите бели патики за да изгледаат како нови: Една девојка има метод кој функционира совршено (ВИДЕО)
Дури кога патиките изгледаат многу лошо, можно е да се вратат во живот...
Белите патики со текот на времето може да почнат да изгледаат посебно лошо. На нив посебно се воочуваат дамките и кога повеќе изгледаат како да се жолти, отколку бели. Како да ги испереш, а да не ги уништиш?
Се плашиме да ги испереме патиките за случајно да не се уништат во тој процес. Сепак, понекогаш треба да се перат и затоа е најдобро да се истражи кои методи се нудат. Понекогаш дури и машината за перење не ја врши добро работата, како да не ги пере до крај. Ако сакате вашите бели патики кои ги сакате и постојано ги носите да изгледаат како нови, погледнете го методот на перење патики кој го кроисти една девојка и кој им го препорачува на сите.
Ваша исперени ќе изгледаат речиси како нови. За да изгледаат што е можно подобро, таа дури пробала и трик од Интернет кој помага да се измазнат наборите на кожените патики кои се појавуваат при носење. Посочува дека вака ги пере на секои 3 до 5 месеци и дека ги има 3 години, што е доказ дека ваквиот систем на перење нема да ви ги уништи омилените патики.
@mlovehdz_ How to wash your white sneakers- no crusty sneakers over here #cleansneakers #sneakers #removecreases #whiteshoes #howto #CapCut I Think I Like When It Rains - WILLIS
Како го прави тоа? Ккао што покажува на видеото, таа става топла вода во кофа, а потоа додава сода бикарбона и детергент за миење зсадови и потоа ги потопува патиките во неа. Најдобро е да ги оставите да киснат што е можно подолго, па дури и цел ден. Тоа е само првиот чекор. Чекор број два е да ги исчистите со четка и дури потоа да ги ставите во машина за перење. Потоа оставете ги да се исушат и воодушевувајте се на резултатите. Доколку се случи да пожолтат при сушењето, само покријте ги со тоалетна хартија додека се уште влажни и кога целосно ќе се исушат отстранете ја тоалетната хартија.
Кога ги чисти, таа ги исправа и наборите, така што ќе ги покрие со влажна крпа и ќе помине со пегла преку крпата. А, патиките потоа изгледаат како нови. Ова е само еден од начините на кои можете да ги перете патиките, секако дека ги има многу и секој има свој начин како го прави тоа и кој му помага.
фото: Принтскрин / ТикТок