Како да ги искомбинираш популарните МАРТИНКИ во секојдневните „аутфити“?
Вака го прават тоа девојките на Инстаграм
Мартинките во последно време се се повеќе популарни, а доколку ти делува дека не можеш да ги носиш во секојдневните комбинации, овие 6 изгледи ќе те разубедат. Девојките на Инстаграм сакаат да споделуваат фотографии од секојдневните комбинации, а некогаш кога немаш идеа што да носиш, можеш да украдеш некоја идеја.
Иако зимата веќе не напушта, температурите и понатаму знаат да паднат под нулата, а исто така можни се и изненадни дождови. Се уште не е време за да ја промениш облеката, а еден од омилените модели на чизми оваа година се популарните - Dr. Martens. Доколку и ти ги имаш купено, но не знаеш како да ги износиш и на што да ги искомбинираш или само ти недостасува инспирација за секојдневните „аутфити“ за училиште, еве спас. Ова не се некои револуционерни идеи, но доколку нешто вакво не ти паднало на памет, примерите во продолжение ќе ти бидат доволна инспирација.
# На кратко здолнижте и џемпер
# На малку поелегантен начин со кошула
# Со обично кратко зимско фустанче
# Целосно темен изглед
# Маичка со принт и долго лелеаво здолниште
# „Оверсајз“ џемпер и кратки панталони