Како да му пријдеш на момчето кое ти се допаѓа?

Како да му пријдеш на момчето кое ти се допаѓа?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

НАПОМЕНА!

Ова важи само за храбрите девојки и за оние кои ќе соберат храброст откако ќе ја прочитаат статијата!

Знаеме дека девојките најчесто чекаат момците да го направат првиот чекор, но дали МОРА секогаш да биде така? Барем еднаш во животот сите сме виделе некое момче кое ни се допаѓа, меѓутоа сме биле премногу срамежливи да му пријдеме или пак ни било страв да не добиеме „корпа“. А згора на сѐ, кај се видело девојче да пријде прво??? Нели? НЕ!

Да ја погледнеме ситуацијата од друг агол. Прво, сите момци се соочуваат со истите овие дилеми како и девојките, а плус го имаат и притисокот дека тие треба да пристапат први. Не им е баш лесно, нели? Второ, ако соберете храброст и му пријдете први на момчето кое ви се допаѓа, има две можни сценарија:
#1 Постои можност да завршите заедно и да бидете среќни, сето тоа благодарение на вашата храброст; или

#2 Може да бидете одбиена и да се „избламирате“, ама пак, тоа го правите пред некоја личност која воопшто не ве познава и ќе ја заборави ситуацијата уште следниот ден.

Ние ви нудиме неколку совети како да му пријдете на згодниот дечко кој ви се врти низ глава.

#1 Бидете природни

Не глумете нешто што не сте, не лажете околу тоа колку години имате, во кое училиште учите или пак каде живеете. Сепак, сакате момчето да се заинтересира за ВАС, а не за некоја друга, измислена девојка, така?

#2 Бидете самоуверени

Ова е можеби најважниот совет! За каков пристап и да се одлучите - дали да направите некоја шега или некој поискрен пристап, бидете решителни и самоуверени во тоа. Насмејте се, стојте исправена и зборувајте јасно и гласно. Ќе видите, нема да може да ви одолее!


#3 Бидете спонтани

Ако вие си напишете сценарио од дома за тоа што ќе кажете, може да настане огромна утка, може да испаничите и да ја заборавите шегата, или пак да ја кажете на сосема чуден начин. Затоа, понекогаш препуштете се на ситуацијата и бидете спонтани.


Дали успеавме да ве убедиме конечно да му пристапите на згодниот дечко кој го меркате веќе некое време?


Кике Цветче

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: