Како да одбереш зимска капа според обликот на лицето?
Помина времето кога мајките морале да ги тераат децаат да носат зимски капи. Сега тие се толку популарен моден детаљ, што може да ти случи и мајка ти да те советува дека понекогаш треба и да ја симнеш.
Изборот за зимски капи е голем и на нив не можеме да оддолееме, па затоа ти даваме совет како да ја одбереш според својот облик на лицето и така да си го олесниш изборот.
# Лице во облик на срце
Лицето во облик на срце го карактеризира широкото чело и јаболкниците, како и тесна вилица. Врвот на брадата е обично штицест. На овој облик на лице одговора bucket шешир, како и опуштена или т.н. slouchy плетена капа со рунтесто топче на врвот.
# Долгнавесто лице
Овој облик на лице има поголема должина, отколку ширина, а челото и вилицата се приближно со еднаква ширина. Исто така брадата може да биде многу тесна, а челото многу високо. Затоа ти е потребна капа која визуелно ќе го скрати лицето, како на пример шешир со голем обем.
# Овален облик на лице
Кај ова криволиниско лице должината е еднаква на една ипол ширина. Јаболкниците се пошироки од челото и вилицата. Со овалниот облик на лицето убаво стои опуштена беретка, но и класична бејзбол капа.
# Округло лице
Кај округлото лице ширината е приближно еднаква со должината на лицето. Лицето е најшироко во пределот на јаболкниците, нема остри агли и заоблено е околу челото и брадата. На ова лице му е потребен шешир кој визуелно ќе го издолжи, како на пример fedora шешир со висока круна и краток обем, кој притоа има и некој украс од страна во облик на цвет, кој ќе го одзема вниманието. Исто така се препорачува и плетена капа, која од едната страна наликува на капа. Истата визуелно ќе ви го смали лицето.
# Четвртест облик на лицето
Овој облик на лицето го карактеризираат широко чело и четвртеста вилица. Доколку е послабо ова лице има правоаголен облик, а доколку е пошироко има четвртест облик. На дамите со ваков облик на лицето убаво им стојат шешири со висок обем, бидејќи им ја стеснуваат вилицата. Исто така се препорачува и машки шешир со краток обен и длабока круна.