Како да преспиете со фризура, а да не ја расипете?
Доколку сакате да ви потрае фризурата, следете ги овие совети.
Сите го имаат доживеано истото: сме ја исфенирале коса или сме направиле локни, но на крајот од денот мораме да преспиеме со оваа фризура. За и утредента да ја имате истата фризура, ти подаруваме неколку совети како да спиете, а да не ја расипете.
Доколку вашата коса нема добра подготовка во вид на стајлинг производи и алатки (стајлинг креми, пена, правилна големина на четка, добра температура на апаратот со кој правите локни), таа ќе се расипе за време на спиењето. Лакот за коса умее да биде прилично лош и да ја оштети вашата коса, па така наутро можете да се разбудите со сплеснати локни.
Пред спиење нанесете малку бебешка пудра или сув шампон околу линијата на косата. Овој трик ќе ви помогне да се упие вишокот влага од ноќното потење, кој предизвикува кратките влакна да се местат околу лицето. Наутро нежно исчистете го вишокот.
Кога се миете или нанесувате креми и серуми, тргнете ја косата настрана од лицето, за да го избегнете секое наводенување на истата. Во тоа може да ви помогнат плишените ленти за коса, кои ќе ти ја соберат косата од лицето. Уште еден супер совет е носење на капа за туширање.
Доколку сакате да го сочувате волуменот на локните, едноставно замотајте ја косата околу глава и зацврстете ја со шнолич. Наутро ќе имате преубави меки локни.
Кога ќе станете и ќе видите дека сте успеале да ја сочувате фризурата ќе мора и да ја освежите. Додајте им волумен на локните или пак на правата испеглана коса, со анти - фризз спреј за коса.