Како да престанеш да црвенееш?!
Колку пати досега ти се случило пред да кажеш нешто пред голем број луѓе да почнеш да црвенееш? Сигурно многу пати досега, но веројатно не знаеш зошто ти се случува тоа. Еве кои се причините поради кои образите се вцрвенуваат:
# Поцрвенуваш секогаш кога си во ситуации кои се непријатни и кога се срамиш. Кога другите ќе го забележат твоето црвенило, стануваш свесен/на за ова па почнуваш да црвенееш уште повеќе и не знаеш како да ја прекинеш оваа непријатност.
# Црвенилото го предизвикуваат крвните садови во кожата на лицето кои под стрес се прошируваат, па повеќе крв доаѓа блиску до површината на кожата.
# Најчести предизвикувачи на црвенило на лицето се од психолошка природа: тегоби, страв дека некој ќе те осудува, стрес и недостаток на самодоверба.
# Црвенилото ќе престане да се појавува кога ќе ти се зголеми самодовербата и кога конечно ќе се засакаш себеси, своите ставови, мислења, изгледот, одлуките и сето она што те прави единствен/а.