Како изгледа пријавата за факултет и студирање во Велика Британија: Татко од Хрватска детално опиша сѐ
Доколку некогаш те интересирало нешто повеќе за студирањето во оваа држава, на неговиот блог можеш да ги пронајдеш сите можни информации...
Неговиот син бил заинтересиран за студирање во Велика Британија, а откако ги поминале пријавите, разгледувањето на факултетите и откако ги дознале сите важни информации, таткото целото искуство го споделил со сите. Доколку уште некој се интересира за студирање во оваа држава, сега може да дознае што го очекува.
Откако неговиот син изразил желба да студира во Велика Британија, овој татко, Иван Гуштин, на својот блог одлучил да запише сѐ за да им помогне и на другите родители и матуранти од Хрватска кои размислуваат за вакво нешто. Единствено му било тешко да најде некои конкретни информации за целиот процес, бидејќи имало многу малку, па поради тоа сметал дека ваквото лично искуство би можело на другите да им биде од корист. Личните искуства се секогаш најдобри, а ова ќе ти одговори на сите прашањи за студирањето во Велика Британија. Подготовката е многу важна, бидејќи не можеш само така да се сетиш во мај, на крајот од последното полугодие дека би сакал да студираш надвор од својата држава.
„Одењето на било кои студии бара претходни подготовки, најмалку колку што трае целата последна година од средното образование, а особено е важно за заминувањето на студии во друга земја. Не само поради подготовката, туку примарно и поради роковите кои за сите работи се многу порано отколку во Хрватска, што значи дека мора и уште порано да се почне со собирање на сите информации, не само за студиите, туку и за животот во одбраната земја. По мало истражување на агенциите за посредување за образование во странство кои постојат во Хрватска, но повеќе по препорака на други задоволни родители и студенти, ја одбравме агенцијата IntegralEdu“ - пишува Иван Гуштин на својот блог.
Агенциите се корисни, бидејќи ќе ти ги дадат потребните информации, но тоа и понатаму нема да ти биде доволно:
„Тие помагаат во сѐ околу општите информации, изборот на земја и универзитет, подготвување на приајвите, испраќање на пријавите, уписот и упатувањата, но не може да ги знаат сите детали за животот во одредена земја, одреден град или на самиот универзитет. Затоа се препорачува лична посета или обиколка на посакуваниот универзитет, без разлика дали како личен аранжман или во нивна организација.“
Овој татко опиша и како изгледаат пријавите за факултет и што сѐ ти е потребно за нив, но и како тие поминале низ целата таа постапка. Блогот е многу долг, но секој кој планира или размислува за некоја ваква авантура, би требало да го прочита. Сѐ е детално објаснето по поглавја и ги дава најважните податоци. Целиот блог за ова искуство, обиколката на факултетот и начинот на студирање во Велика Британија, прочитајте го на gustin.info. Можеби ова ќе ви ги отвори очите и ќе ви даде идеја за што понатаму, доколку во моментот сте малку изгубени.
Извор: teen385.com