Како лицето да ти изгледа послабо без да користиш контури?
Сите имаат различни техники на шминкање, а овие неколку совети ќе ти помогнат визуелно да направиш лицето да ти изгледа послабо, без да користиш контури.
# Руменило
Руменилото може да игра многу важна улога во намалувањато на лицето. Нанесете руменило малку над местото каде обично нанесувате за да ги подигнете своите јаболчници и вниманието да го насочите кон горниот дел на лицето. Наместо руменилото да го задржите на јаболкиците, пробајте да го нанесете половина сантиметар над јаболкниците и размачкајте го дијагонално кон слепоочниците. Нанесете малку и на слепоочниците, носот и челото за да го покриете секој дел од лицето кој сакате да го намалите.
# Ајлајнер
Изненадувачки, дури и ајлајнерот може да влијае на илузијата за послабо лице. Кога ајлајнерот е извлечен под поголем агол отколку обично, ќе привлече внимание на горниот дел создавајќи ефект на виткост. За да го постигнете овој ефект, важно е да не ја следите природната линија на окото. Линијата мора да се протега од највисокиот дел на вашиот капак (веднаш над зениците) кон увото, создавајќи рамна црта која оди паралелно со вашето лице, а не надоле.
Совет: Слободно продолжете ја линијата на ајлајнерот за да постигнете заводлив облик.
# Strobing
Досега сите дефинитивно имате слушнато за оваа техника. Одлучете се својот секојдневен мејкап изглед да го освежите така што ќе ставите малку хајлајтер на врвот од јаболкниците и да го размачкате кон слепоочниците. Потрудете се да го обележите врвот на носот, како и центарот на брадата. Ова ќе создаде впечаток на подолго лице, што истовремено ќе го направи и послабо. Водете сметка хајлајтерот да не завршува на вашите слепоочници, бидејќи овој ефект повеќе ќе го рашири вашето лице и ќе ја обезвредни целта на овој неверојатен трик.