Како мирисаат луѓето со „плава крв“: 4 омилени парфеми на жените од кралското семејство

Како мирисаат луѓето со „плава крв“: 4 омилени парфеми на жените од кралското семејство

Објавена во: Мода // Moj стил

Без разлика дали станува збор за венчаницата која ја носеше Кејт Мидлтон на својата венчавка или пак омилените чевли на Меган Маркл, факт е дека се што носат дамите од кралското семејство, веднаш станува класик. Тоа е случај и со нивните омилени парфеми.

# Кејт Мидлтон

За својата венчавка во 2011 година, Кејт избра пролетна цветна арома која совршено одговараше со остатокот од нејзиниот изглед. Во прашање е Gardenia Petals на брендот Illuminum.

# Принцезата Дијана

Дијана на својата венчавка во 1981 година го одбра спојот на ружи и јасмин со кој ги маѓепса сите покрај кои поминала.

# Кралицата Елизабета II

Кралицата секогаш вели дека го обожава парфемот L'Heure Bleue на брендот Guerlain. Станува збор за парфем кое благо зачинет со ноти на цитрон, кој е класика уште од 1912 година­.

# Меган Маркл

Во едно неодамнешно интервју војвотката од Сасекс истакна дека многу ги сака парфемите и дека има три кои ги менува наизменично. Еден од нив е Wild Bluebell на брендот Jo Malone London.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: