Како можеше до толку да личи на тато: Ќеркичката на Иван од „Либеро бенд“ е негова копија
Малата Ниа која се роди во март годинава е копија на нејзиниот татко Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро Бенд“.
Тој со неговата сопруга Ивана повеќе од 4 месеци уживаат во улогата на родители, а сега нивната пријателка и пејачка Мартија Станојковиќ сподели видео на кое убаво се гледа дека малата Ниа буквално е негова копија.
Инаку, младите родители направија и крштевка за Ниа и тоа во еден од најубавите и најпознати манастири кај нас, Свети Јован Бигорски. Иван и Ивана за специјалниот ден, тогаш носеа облека во иста боја.
А пак во интервју за Женски магазин, пејачот откри: „Бебето сме го создале заеднички, па и грижата треба да биде заедничка. Додека не се роди Ниа, јас не можев ни да замислам колку можат утрата да бидат волшебни. Искрената насмевка на сонливото бебе, оние мали рачиња подадени кон мене и очиња полни со љубов, тоа е вистинско енергетско полнење“, целото негово интервју прочитајте го ОВДЕ.
Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива