Како сами да го отстраните гел лакот од ноктите додека се затворени козметичките салони?

Како сами да го отстраните гел лакот од ноктите додека се затворени козметичките салони?

Објавена во: Мода // Moj стил

Најдобриот начин за да го отстраните гел лакот во домашни услови...

Сакате да го отстраните гел лакот од ноктите, но поради вонредната ситиација во државата не можете да ја посетите вашата козметичарка? Не грижете се, бидејќи постои начин како да ги вратите своите природни нокти и да останете заштитени од коронавирусот.

Еве што ви е потребно:

# турпија за маникир;

# памук;

# ацетон;

# алуминиумска фолија.

Во продолжение прочитајте ја и целата постапка:

# Прв чекор: отстранете го површинскиот слој

Со турпијата нежно отстранете го заштитниот површински слој, се додека не дојдете до основната боја. Тоа е важно бидејќи така ќе му овозможите на ацетонот да продре до најдлабоките слоеви и да го забрза процесот на отстранување на гелот. Кога ноктите ви се во мат боја, подгответе се за следниот чекор. 

# Втор чекор: замотајте ги ноктите

За да го растворите гелот, натопете го памукот со ацетон за отстранување на лак, кој содржи 100% алкохол, ставете ги на ноктите и потоа замотајте ги со алуминиумска фолија. Над така замотаните прсти може да ставите и ракавици, а потоа почекајте околу 15 минути.

# Трет чекор: отстранете ја преостанатата боја

Кога ќе ти тргнете фолиите и памукот, лакот би требало да биде отстранет. Она што е останато околу ноктите, внимателно отстранете го со дрвено стапче за кутикули. Доколку не ви е отстранет целиот лак, повторете го претходниот чекори и држете ги памукчињата со ацетон уште 5 минути. Немојте да притиската, ниту да ги стругате, бидејќи сега се многу меки и би можело да се оштетат.

# Четврт чекор: хидратација

Откако ќе го отстраните лакот и гелот, ноктите и кутикулите ќе ви бидат многу суви, па измијте ги рацете и нанесете хидратационо масло на кутикулите и ноктите. Оставете ги ноктите да одморат барем една недела од делувањето на ацетонот и негувајте ги рацете со хранливи и хидратациони креми.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: