Камила Кабелјо е под голем притисок поради изгледот: Сака да одмори од социјалните мрежи
Пејачката Камила Кабелјо даде интервју за „Lorraine UК“...
Камила Кабелјо неколку месеци често се наоѓа среде скандали поради вишокот килограми кои ги доби. Сега во едно интервју спомена дека е благодарна на можноста да преку своите профили да ѝ се обрати на публиката и да го искаже своето мислење, но дека некогаш сепак ѝ е потребен одмор од социјалните мрежи.
Камила Кабелјо неодамна на својот ТикТок профил објави видео во кое ги им одговори на сите хејтери кои ја напаѓаат неколку месеци наназад поради вишокот килограми кои ги доби, бидејќи ужива во животот. Спомена дека смета дека „body shaming“ е нездрав за општеството и дека кај жените е потполно нормално да имаат облини, целулит и стрии, како што има и таа. Со тоа, на некој начин, стави крај на дебатата и малку ја намали прашината која се креваше на социјалните мрежи поради нејзиниот изглед, но и поради обвинувањата дека таа не му одговара на своето момче, пејачот Шон Мендес, поради тоа што добила неколку килограми повеќе.
Сега во интервју за утринската емисија „Lorraine UK“ кажа дека навистина ѝ е потребен одмор од социјалните мрежи без оглед на тоа што е благодарна што токму таму може да ѝ се обрати на својата поширока публика: „Вчера имав слободен ден и едноставно си кажав дека денес не можам да бидам на социјалните мрежи. Забележувам дека тоа го забрзува мојот мозок и дека некогаш сѐ што ми е потребно е само одмор“.
Очигледно е дека пејачката е под голем притисок од страна на јавноста поради низа различни фактори, од изгледот, до јавната врска со познатиот пејач, а и самата признава дека има чувство дека јавноста постојано ги контролира позантите и дека тие мораат да се носат со огромен притисок како познати личности.