Камила Кабелјо одговори на прозивките околу својот изглед: Вистинските жени се со облини, целулит и стрии
Светски познатата пејачка преку видео на ТикТок, одговори на прозивките кои ги доби на сметка на својот изглед...
Камила Кабелјо сподели видео со своите следбеници откако го заврши тренингот и собра повеќе од 3 и пол милиони лајкови! Светски познатата пејачка честопати ја „удираа“ на поради тежина која ја доби во изминатите неколку месеци, но овој пат таа реши да им одговори на сите хејтери кои ја прозиваат поради нејзиниот изглед.
Видеото на Камила Кабелјо стана вирално на ТикТок и веќе има повеќе од 19 милиони прегледи. На видеото, Камила ги повикува хејтерите кои ја навредуваа веќе неколку месеци врз основа на нејзиниот изглед и неколкуте килограми што ги доби. На видеото таа објаснува дека штотуку почнала да трча, затоа што сака да се врати во форма и да остане здрава. Потоа ги сними горниот дел од топот и стомакот и посочи: „Трчав како нормална личност која не го вовлекува стомакот цело време“, а потоа додава: „но тогаш се сетив дека водењето војна со сопственото тело е тренд од минатата сезона.“
Таа смета дека срамењето од сопственото тело е нездраво за општеството и дека е нормално жените да имаат облини, целулит и стрии.
Што сѐ кажа во видеото, погледнете во продолжение:@camilacabello i luv my body
original sound - Camila Cabello