Samsung ја проширува директната достапност до AI помошникот преку страничното копче на Galaxy A серијата

Samsung ја проширува директната достапност до AI помошникот преку страничното копче на Galaxy A серијата

Објавена во: После „Школо“ // PR

Samsung Electronics Co., Ltd. денес објави дека одредени уреди од серијата Galaxy A наскоро ќе ја поддржуваат активацијата на AI помошникот преку страничното копче, донесувајќи ја омилената карактеристика на обожавателитена Galaxy S серијата до повеќе корисници и дополнително зајакнувајќи ја визијата на Samsung за демократизација на најновите AI искуства. Со ова ажурирање¹, корисниците ќе можат да уживаат во попаметни AI искуства, вклучувајќи го лансирањето на Gemini² - AI помошникот на Google, со едноставно притискање и држење на страничното копче. Samsung ја претстави Феноменалната Интелигенција³ (Awesome Intelligence) на уредите од најновата Galaxy A серија – Galaxy A56 5G, Galaxy A36 5G и Galaxy A26 5G – кои вклучуваат избрани AI функции од страна на фановите, кои го отвораат неверојатното Galaxy AI искуства кон многу повеќе корисници. Сега, претстоечкото ажурирање ќе олесни за уште повеќе корисници на серијата Galaxy A низ светот да да ги извршуваат секојдневните задачи поинтуитивно, со директен пристап до Gemini преку страничниот копче.

Позната по балансот помеѓу перформансите и вредноста, серијата Galaxy A сега нуди попаметно мобилно искуство благодарение на ова ажурирање. Со полесен пристап до Gemini, корисниците можат без напор да го проверуваат својот распоред, да најдат ресторани во близина или да добијат препораки за роденденски подароци користејќи гласовни команди. Можат исто така да извршуваат задачи низ апликациите⁴ со само една команда – како што е наоѓање на ресторан преку Google Maps и испраќање на адресата до пријател преку Пораки – што ги опфаќа Samsung, Google и одредени апликации од трети страни.

„Samsung и Google работат заедно за да достават беспрекорни, интуитивни и значајни AI искуства, правејќи ја најновата технологија подостапна за повеќе корисници,“ изјави Џеј Ким, извршен потпретседател и раководител на Канцеларијата за корисничко искуство во Mobile eXperience Business на Samsung Electronics. „Ние сме возбудени што корисниците на серијата Galaxy A сега ќе можат побрзо и поприродно да го активираат Gemini преку едноставен гест кој носи интелигентна поддршка во текот на секојдневните задачи.“

Побрзиот пристап до Gemini значи дека помошта е достапна во секој момент – како на пример планирањето на вечера во последен момент. Со едноставна гласовна команда до Gemini, корисниците можат да кажат „Пронајди француски ресторан со тераса, кој дозволува домашни миленици во моја близина“и да добијат предлози за неколку секунди, што го олеснува изборот на место и споделувањето со пријател, без да се напишат ниту збор.


Софтверското ажурирање ќе се распоредува глобално на избрани модели од серијата Galaxy A, започнувајќи од почетокот на мај.

За повеќе информации за серијата Galaxy A, посетете ги: Samsung.mk,Samsung NewsroomSamsungmobilepress.com.

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

¹Достапноста и поддржаните функции можат да се разликуваат во зависност од пазарот, операторот и моделот на уредот. Ова ажурирање ќе биде достапно само на Galaxy A56 5G, A55 5G, A54 5G, A36 5G, A35 5G, A34 5G, A26 5G, A25 5G, A25e 5G и A24 кои користат One UI 7 и се очекува да започне со распоредување во мај. Временскиот период подлежи на промени.²Потребна е интернет конекција и компатибилен оперативен систем. Достапноста може да се разликува во зависност од уредот, земјата/регионоти јазикот.
³Awesome Intelligence е достапен на Galaxy A56 5G, Galaxy A36 5G и Galaxy A26 5G. Достапноста на функциите на Awesome Intelligence може да се разликува во зависност од земјата/регионот, верзијата на One UI/OS, моделот на уредот и операторот.
⁴Потребна е интернет конекција и Google Account за најавување. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата/регионот, јазикот и моделот на уредот. Работи со компатибилни апликации. Достапноста на функциите може да се разликува во зависност од претплатата и резултатите може да варираат. Може да биде потребна поставка за одредени функции или апликации. Точноста на резултатите не е загарантирана.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: