
Магична вечер со Божиновски и Damiani: Кога накитот станува емоција што не се раскажува, туку се доживува
Некои вечери се убави. Некои се незаборавни. А постојат и такви што продираат до срцето, будат спомени и оставаат трага што со ништо не може да се избрише.
Токму таква беше магичната вечер во Шато Камник, каде Божиновски часовници и накит, заедно со прочуената италијанска куќа за луксузен накит - Damiani, приредија настан што ќе остане врежан во сеќавањата на сите што беа дел од него.
Под трепетливото светло на внимателно избраниот амбиент, секој гостин имаше можност да се доближи до светот каде накитот не е само убавина — туку приказна. Приказна што се раскажува преку форма, скапоцени камења и страст вложена во секое создадено парче.
Г-ѓа Силвија Дамиани, сопственичка на оваа легендарна куќа, пленеше со својата топлина, непосредност и инспиративно раскажување за вредностите што Damiani ги гради и негува повеќе од еден век. Нејзината енергија ја обои вечерта со посебна емоција — онаа што не се раскажува, туку се носи длабоко во себе.
Тоа не беше само претставување на накит. Тоа беше приказна за љубов, традиција и уметност пренесувана од генерација на генерација. Настан што не се опишува со зборови, туку се чувствува со срцето.
А најубавата приказна ја раскажуваат фотографиите… и погледите што светат уште долго по завршувањето на вечерта.