Кара Делевињ зборуваше за менталното распаѓање: Откри што ќе прави со тетоважите како дел од новиот почеток

Кара Делевињ зборуваше за менталното распаѓање: Откри што ќе прави со тетоважите како дел од новиот почеток

Објавена во: Мода // Moj стил

Триесетгодишниот модел врти нова страница во животот...

Во интервју за насловната страница на „Вог“ за март, манекенката целосно се отвори и зборуваше за своите лични проблеми.

Таа призна дека се борела со зависнота минатата година, откако папарацо фотографиите од нејзиното многу чудно однесување на аеродром станаа вирални и ги загрижија обожавателите. Тогаш беше очигледно дека нешто не е во ред со Кара.

Освен тие фотографии, имаше и некои објави на социјалните мрежи со кои на луѓето им беше јасно дека нешто не е во ред.

Откако ја помина програмата за лекување од 12 чекори, Делевиљ кажа дека сега е трезна и чиста. Како дел од својот нов почеток, Кара реши да ги отстрани своите многубројни тетоважи.

Ѕвездата од серијата „Only Murders in the Building“, за првпат се истетовира во 2013 година. На десниот показалец се појави ликот на лав, поради тоа што е Лав во хороскоп.

„Во тоа време не можеше да се тетовираш, бидејќи тоа беше дле од твојот договор како манекенка, а тие некако го поседуваа моето тело“ - изјави Кара за „Вог“ за причината поради која за првпат одлучила да се тетовира.

Подоцна направи тетоважа со роза за нејзината пријателка Селена Гомез, на ногата го стави зборот „solemate“ исто како и Каја Гербер. Потоа ги стави иницијалите на поранешната девојка Ешли Бенсон, кои ги имаше истетовирано на ребрата, а дури има и тетоважа која ја означува нејзината љубов кон сланината. Сега планира да ги отстрани сите.

Уште како тинејџерка почнала да се соочува со порблеми како што се несоницата, диспраксијата, ненамерното самоповредување и менталните распаѓања.

„Уште како тинејџерика, едноставно сè ми се сруши. Потоа почнав да пијам и да се забавувам. Постеше потреба да избегам и да ја сменам мојата реалност“ - откри Кара во интервјуто за борбата што ја водела со своето ментално здравје.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: