Кети Пери и Орландо Блум станаа родители: Со моќна порака го соопштија раѓањето на ќерката
Американската пејачка Кети Пери се породи и на својот свршеник, британскиот актер Орландо Блум му подари ќерка.
Среќните родители за малата наследничка го избраа името Дејзи Дов Блум.
Во изјавата за УНИЏЕФ, на која тие се амбасадори на добрата волја, Кети Пери и Орландо Блум изјавија дека биле преполни со љубов по раѓањето на нивната ќерка.
Оваа позната двојка ја искористи оваа порака за да ги охрабри луѓето да го прослават раѓањето на Дејзи со донации на УНИЦЕФ, така што во земјите со неразвиена здравствена заштита ќе може да се раѓаат здрави и среќни бебиња како нивната ќерка.