Кике Цветче со совет за сите девојки: Чувствувајте се удобно во својата кожа!
Христина Цветкоска или како што повеќето од вас ја знаат - Кике Цветче е една од ретките девојки во екипата јутјубери кај нас. Сигурно веќе знаете дека таа е дел од тимот на Hashtag.mk и постојано ви дава најразлични совети. Овој пат таа ги советува сите девојки што се борат со вишокот килограми.
„Пробувам да го
рушам стереотипот дека девојките мора секогаш да се прикажуваат како женствени,
отмени, да не речам дури и вештачки. Баш напротив, сметам дека треба да бидат
опуштени и слободни, без страв некогаш да отидат до град без шминка на нив“,
открива Кике.
Таа важи за отворена и искрена девојка, која правејќи вежби во видеата, покажува дека вишокот на килограми воопшто не ѝ пречи.
„Тоа не се вишок килограми, тоа само значи дека во светот има повеќе Кике. Отсекогаш кажувам дека секој треба да си се чувствува удобно во своја кожа. Сѐ дур е така, никој не е доволно достоен да ти диригира како ти да изгледаш. Одлуката да смениш нешто во твојот изглед треба да произлегува од тебе, а не од нечие туѓо мислење. Така што, мојот совет кон сите жени, мажи, девојки и момци е не само да се прифатат, туку и да се сакаат самите себе и сопствениот изглед“, ни раскажа шарматната јутјуберка.
Photo credits: @tutundziev