Ким и Норт заедно се прошетаа на црвениот килим: Мајката и ќерката беа скоцкани од глава до петици (ФОТО)
Норт сѐ почесто се појавува на јавни настани и изгледа дека навистина ужива во тоа...
Ким Кардашијан и Норт Вест се појавија „тип-топ“ средени на „Daily Front Row Fashion Awards 2023“. Станува збор за настан на кој се прогласуваат и доделуваат награди на најистакнатите стилисти, модни дизајнери, фризери и шминкери.
42-годишната старлета се појави на овој настан за да му биде поддршка на својот најдобар пријател Крис Еплтон, кој беше прогласен за фризер на годината. Крие е одговорен за нејзината коса секогаш да изгледа сјајна.
На овој настан, Ким ја покажа својата беспрекорна линија и изразени стомачни мускули во сив топ и миди здолниште на преклоп и отвор до бедрата. На вратот и рацете носеше насивен сребрен накит, со кој го надополни целиот изглед. Норт пак беше во црно од глава до петици. Под црниот костим, ѕиркаше црна маица, на која се истакна сребрениот накит. Додека познатата мајка ја имаше распуштено косата, ќерката се одлучи за високо коњско опавче.
Девојките се качија на сцената, а потоа Норт го започна својот говор.
Listen up, dolls: North West has spoken. She and Kim Kardashian honor Chris Appleton at The Daily Front Row's 7th annual LA Fashion Awards. pic.twitter.com/T7c7GNid4n
— E! News (@enews) April 24, 2023
„Немам зборови. Крис Еплтон е најдобар“ - кажа 9-годишната девојка и заработи аплауз од публиката.
„Во ред. Ова го слушнавте од Норт Вест“ - кажа Ким пред да одржи говор во чест на својот пријател Крис.
Норт сѐ почесто посетува јавни настани со својата мајка и изгледа дека навистина се забавува, иако многумина ѝ замеруваат на Ким што толку млада ја изложува во медиумите и јавноста.
фото: Принтскрин / Инстаграм