Ќара и возот од стакло (Епизода 12)

Ќара и возот од стакло (Епизода 12)

Ќара

Невреме се надвиснало врз мене, со мене си игра судбината. Се заплеткав во мрежа на минатото и сегашноста, се удавив во лаги, а вистината удира во мене како да ме прободуваат копја. Единствена поткрепа во овој тмурен период е неговото присуство. Му благодарам на Бога, без Огнен до мене, да ми ги бриши солзите и да ми ја држи раката, јас низ ова не би можела сама да помиинам. Тој е мојот ангел чувар. Колку е само посебен, колку е само чист. Доколку не бевме најдобри другари би посакала вечна љубов да ми биде, но тоа е навистина лудо. Не би можела да барам нешто такво од него, а сакам, сакам да го имам, да биде мој, вистински, целосно. Но веројатно љуби друга, човек како него, маж како него, не може да е сам, слободен... Зошто до сега никогаш не сум го прашала дали има некоја жена во неговиот живот? Речиси цел месец патуваме заедно, а јас не знам ништо за него...

Единаесетата епизода од оваа неверојатна приказна може да ја најдете ТУКА.


Ивона Марковска- Нона, 16 години, ученик во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, автор на „Пронаоѓање“- самостојно издадена книга и „Аурора“- издавачка куќа Култура. Исто така автор на приказната „За да те пронајдам“, како и на голем број колумни и текстови. Го уредува и инстаграм профилот @a_soul_of_paper

Можеби ќе ве интересира: