Ќара и возот од стакло (Епизода 14)

Ќара и возот од стакло (Епизода 14)

На патот кон Италија, родната земја на убавата и млада Ќара, времето застана. Морето престана да се движи, птиците не летаа, сè замрзна, освен Ќара. Сината вода од морето се замрзна, се претвори во стакло, а по неговата површина од далечината доаѓаше таа, Ќара, облечена во долг бел фустан со висок шлиц до колкот, косата разлеана на сите страни, а таа стои на вратата од возот од стакло. Запреа, а Ќара не знаеше што се случува, мислеше сонува. Две Ќари на исто место, се стои, само тие постојат.

„Ќара, не плаши се, јас сум, Ќара од иднината“.

„Зар ти ми ги испраќаш сите оние чудни писма?“

„Не, затоа и сум тука, да ти ја кажам вистината, пред да се впуштиш самата кон сигурна смрт“.

„Што зборуваш ти?“

„Ќара, мила, види, јас сум ти, но многу години понапред. Звучи невистинито, но тоа е вистината. Времето постои, иднината постои, постојам јас, постои магија, постојат паралелни светови, но не сум тука за да те убедувам во за тебе лажни приказни, тука сум да ти ја кажам вистината, твојата вистина. Може да ме сослушаш? Не барам да ми веруваш, заедно со мене ќе одпауваме во минатото и ти сама ќе видиш што се случило, подготвена?“

„Да...“

„Качи се на возот“.

Двете дами се качија на стаклениот воз и заминаа кон минатото, време е сите лаги да завршат и време е тајните да се обелоденат.

„Ќара, испраќачот на тие писма е сестрата на Роберто твојата тетка. Таа од твоето раѓање па се до ден денес знае сè за тебе, живееше во една напуштена куќа на островот каде што се роди ти, таа ѝ ги испрати писмата на мајка ти. Цел живот демнееше врз тебе, те следеше, те гледаше, те чуваше, за да дојде до денешниов ден. Таа о Роберто беа во врска, љубовна врска пред тој да се заљуби во Дона. Роберто и Фросина не знаеа дека се близнаци, бидејќи нивната мајка на самото раѓање се откажала од Фросина, сакала да има само машко дете, а не и девојче. Кога двајцата ја открија вистината, секако дека нивната врска заврши, а Фросина причината за тоа не ја гледаше во тоа дека се тие брат и сестра, напротив мислеше дека Дона, твојата мајка ги разделила. Фросина беше гневна, уште е. Таа го сакаше Роберто повеќе од сè на светот, а остана без него. Кога Дона те роди тебе, не издржа, умираше од завист и болка бидејќи Дона те имаше тебе, дел од Роберто, плод од вашата љубов, а таа немаше ништо. Сега кога ти замина да го шеташ светот таа доби прилика да си поигра со тебе и да се реши од двете нешта кои ги мрази најмногу, засекогаш. Таа ти подготвува замка, со цел да те убие тебе и малата Лаура. Мисли дека ако од Роберто ги одземи неговите деца, тогаш тој нема да мора да биде со неговата жена, ниту да тагува за Дона, напротив, ќе биде целосно нејзин“.

„Како да ја спасам Лаура?“

„Тоа треба сама да го откриеш. Ќара“.

Тринаесетата епизода од оваа неверојатна приказна може да ја најдете ТУКА.


Ивона Марковска- Нона, 16 години, ученик во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, автор на „Пронаоѓање“- самостојно издадена книга и „Аурора“- издавачка куќа Култура. Исто така автор на приказната „За да те пронајдам“, како и на голем број колумни и текстови. Го уредува и инстаграм профилот @a_soul_of_paper

Можеби ќе ве интересира: