Ќе ја носат млади и стари: Оваа боја на кармин ќе биде хит годинава
Оваа боја на кармин би требало да ја имате во својот несесер за шминка.
Иако некогаш најпопуларна беше „кожа“ бојата, експертите за убавина велат дека оваа година првото место ќе го заземе црвената боја.
Црвената боја на кармин е апсолутен хит оваа година, пишува In Style.
Црвената боја во различни нијанси им стои на сите жени. Оваа боја ја нагласува целокупната шминка на жената, но и допринесува за ефективен изглед.
Магијата на црвената боја е во тоа што лицето изгледа свежо и одморено, а особено ја истакнува насмевката и го нагласува остатокот шминка на лицето.
Совет е да бирате црвен кармин со поладни подтонови, бидејќи топлите тонови ќе предизвикаат спротивен ефект од оној кој го очекувате.