Ќерката на Анџелина Џоли го украде целото внимание на црвениот килим: Шајло во мини фустан и со шминка
Анџелина Џоли го промовира својот нов филм и изгледа дека сфатила една работа: најдобрата придружба на црвениот килим ѝ се најстарите ќерки...
Анџелина Џоли се појави на црвениот килим во Рим, промовирајќи го својот нов филм. Облечена во сребрен долг фустан, без прерамки, тесен и долг, додека за првпат ја имаше надоградено косата до половина. Сепак, најголемо внимание на црвениот килим привлече нејзината придружба - ќерката Шајло.
Облечена во црн мини фустан, патики со принт, со комплицирана фризура и шминка, Шајло изгледаше преубаво. Но, зарем до вчера актерката не зборуваше со гордост дека Шајло сака да биде момче? Да ѝ се обраќаат со Џон?
Изгледа дека некој се предомислил!
Меѓутоа, на нив две им правеше друштво и Захара, настарата ќерка на Анџелина Џоли, кој аи овој пат покажа дека има истенчен вкус за мода, појавувајќи се во долг бел фустан.
Анџелина изгледа дека сфати една работа: за да заблеска на црвениот килим не ѝ треба подобра придружба од ќерките. Среќна и задоволна, покрај бракоразводната парница, Анџелина со себе секаде ги носи своите деца.
фото: Profimedia