Ќерката на Џенифер Лопез повеќе не изледа вака: Не сака да биде како мајка ѝ и сите ги изненади со драстичната промена на изгледот
Ема Марибел неодамна се појави со својата позната мајка и ги изненади сите со промената на бојата косата, но и општо со самата фризура.
Не е изненадување дека децата на познатите воглавно не сакаат да изгледаат или живеат како нивните познати родители. Притисокот од медиумите, светлата на рефлекторите... ова сè можеби е сон на некој, но многу деца на ѕвездите со сето морале да се носат секој ден и на некој начин, да заборават на нормалното детство кое го имале нивните врсници.
Од друга страна, неизбежно е поминат низ различни фази, како и сите ние и не треба да не изненадува што во некој момент се обидуваат да се пронајдат себе, но и својот стил и да изненадат со драстични промени.
Многу обожаватели на латино дивата Џенифер Лопез беа изненадени со последните папарацо фотографии кои ја откриваат големата трансформација во изгледот на нејзината ќерка Ема Марибел Муниз. Девојчето во февруари оваа година го прослави својот 13 - ти роденден, а како многу други тинејџерки и таа одлучи да ја покаже својата бунтовна страна. Имено, таа ја скрати својата долга црна коса и ја обои во тиркизна боја, а забележена е и значителна промена во стилот на облекување.
По фотографиите кои ги преплавија социјалните мрежи, многумина коментираа дека е и повеќе од евидентно дека младата Ема не сака да изгледа како нејзината позната мајка, а поради стилот моментално изгледа и многу постар од неговиот брат близнак Макс, за кој неодамна се дозна дека не е голем обожавател на „Бенифер“.
Од друга страна, многумина ја коментираа оваа трансформација на убавата Ема, како нешто сосема нормална, што и е, и кажаа дека е во прашање само фазата низ која поминува.
„Нејзините деца изгледаат нормална, особено нејзината ќерка. Па и јас така се облекував кога бев на нејзини години. Престанете да ја нарекувате грозна, сите поминуваме низ фази и експериментираме со изгледот“ - истакна една од обожавателките, додека друга додаде: „Супер ми е тоа што не изгледа како мајка ѝ, има свој стил“.
Судејќи по сè, оваа изненадна промена изгледа ја поддржува и мајка ѝ на Џенифер. Пред само еден месец, латино дивата за Денот на мајката, направи фотографија на која позираше со мајка ѝ, но и ќерка ѝ и јасно се гледаат нивните сличности, но и разлики, барем кога е изгледот во прашање. Ема тогаш имаше долга коса, а на една фотографија косата ѝ е врзана во коњско опавче.
фото: Getty Images/Profimedia/Инстаграм