Ќерката на Том Круз и Никол Кидман има само 3 селфиња на Инстаграм: Шерон Стоун напиша коментар кој ги воодушеви сите
Ќерката на Никол Кидман и Том Круз не го открива својот живот пред јавноста како нејзините родители...
Ќерката на познатиот холивудски актер Том Круз и актерката Никол Кидман, Изабела Кидман Круз, на Инстаграм сподели невообичаено селфи.
На профилот има 23.600 следбеници, а таа има само три селфиња од јануари 2018 година, кога ја споделила првата објава.
Последното нејзино селфи е малку поинакво од претходните, бидејќи донекаде го има променето имиџот и покажа дури добар дел од своето деколте. Исто така на истото носеше очила за сонце, обетки, но и пирс на носот.
На себе имаше кошула со тигрест принт и кожена јакна, а некои следбеници и порачаа дека би било подобро да го отстрани пирсот од носот.
Она што е интересно е претходното селфи на Изабела, кое го искоментира и една од најголемите филски ѕвезди, Шерон Стоун, која и додели комплимент.
„Израсна во вистинска убавица!“ - напиша холивудската ѕвезда, а ќерката на филмските ѕвезди и на коментарот и возврати со неколку срциња.