Класична јакна на модерен начин: Оваа есен се носи малку поинаква верзија на балонер (ФОТО)
Ако балонерот не ви е беше интересна варијатна, сега можеби ќе стане...
Балонерот е класика. Оваа јакна е парче облека кое нема да зажалите да го купите бидејќи секогаш се носи. Никогаш не излегува од мода. Секако, ова важи ако зборуваме за класичен балонер. Малку поинаков модел е во тренд оваа година.
Балонерот можеби не е за секого и во очите на младите може да изгледа како парче што го носат постарите и посериозните. Ве уверуваме дека ова е парче и за постари и за помлади, а прашање е само дали се совпаѓа со остатокот од вашата есенска гардероба. Ако одговорот на тоа прашање е „не“, сега може да се промени.
Оваа есен девојките почнаа се повеќе да носат модерна верзија на балонер. Во продавниците се појавија кратки, кроп, балонери. Тие изгледаат како помодерна верзија на класиката и нешто што на секој аутфит ќе му даде нешто што ќе го направи поинтересно.
Во понуда се различни модели на овие балонери, од оние кои изгледаат како да не се обрабени и имаат конци што висат, до оние што изгледаат малку покласично. Тоа не е јакна што ќе ве стопли, но лесно можете да облечете потопла или полесна кошула под неа, во зависност од временските услови, и на тој начин дополнително ќе се стоплите.Како што можете да видите, ваквата јакна изгледа добро со лежерни комбинации со спортски панталони и тениски чевли или Uggs, како и со поорганизирани, но и секојдневни комбинации.
Нема нешто со што нема да прилега ваква јакна, а тоа е еден од големите плусови. Со оглед на тоа дека е класика на модерен начин каков што досега не сме виделе, сигурно ќе има мешани реакции. Изгледа дека на повеќето луѓе им се допаѓа идејата бидејќи веќе некое време ја гледаме на улиците и на Инстаграм.
FOTO: Instagram printscreen