Кога треба да се користи балсам, а кога маска за коса?

Кога треба да се користи балсам, а кога маска за коса?

Објавена во: Мода // Moj стил

Доколку некогаш се имаш прашувано кога треба да користиш маска, а кога балсам и дали воопшто ти требаат двата препарати ти го носиме одговорот.

Иако многумина ќе те уверуваат дека при секое миење треба да користиш и шампон и балсам и маска, тоа е потполно неточно.

На твојата коса никако не и се потребни овие производи еден по друг, а оштетеноста на косата ти го одредува третманот кој ти е потребен. Доколку си една од оние среќни девојки со здрава и сјајна коса, она што ти е потребно е балсам по секое миење, а маска би можела да користиш секоја втора недела. Причината е во тоа што маската на твојата коса ќе нема што да обновува.

Но, од друга страна, доколку твојата коса ја изложуваш на топлина и хемикалии, маската ти е и повеќе од потребна. По секое миење на косата задолжително намачкај ја со маска, по треба исчешлај ја со чешел со широки запци, а потоа измиј ја. На твојата оштетена коса балсамот нема да помогне, затоа нема потреба да го купуваш.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: