Кои „грди“ трендови ги најавуваат светските стилисти како водечки?
Познатите стилисти ги откриваат своите омилени т.м. „грди“ трендови, чија популарност расте со изолацијата, но и откако ќе се вратиме на улиците, овие стилови и понатаму ќе бидам на топ листите на најпосакувани.
Модата ја засака удобноста последните 10 години и не се откажува од волуменот, патиките и останатите слични дизајнерски решенија, но и луѓето ги сакаат и носат, особено во деновите кога удобноста е најпосакуван критериум.
Тренерките и сличните варијанти владеат на учичната мода и нудат најразлично комбинирање и создавање формула за свој стил.
„Една од комбинациите на која и расте популарноста е тренерка, односно јакна и меки панталони од истиот материјал, а тука се и сличните варијанти, од сатен или свила, кои изгледаат како пижами“ - истакна стилиската на познатите, Џеневив Круз за Инсајдер.
Овој тренд излезе од кревет, но улиците ги освои уште на почетокот на овој век, а неодамна се врати на модната сцена.
„Овој стил не само што е удобен, туку и функционален, а изгледа и актрактивно“ - коментираше Круз. Денес ги комбинираме овие удобни работи со накит.
Мокасите со различни дизајни, широк калап се на листите на популарните трендови на многу автори, како Прада, кои преовладуваат оваа сезона. Овој стил го прифатија многу обожаватели на ретро стиловите и удобноста.
Малите чантички кои ги носиме околу половината пред неколку сезони се вратија во улогата на ремени, а сега се носат не само на сакоа, туку и на џемпери. Во нив ги собира сите оние ситници, како клучеви и кармини за усни.
Ги има во различни варијанти, од класични компактни до меки и удобни и истите потсетуваат на спортските чантички кои околу половината ги носат тркачите.
Уште еден необично „грд“ тренд, кој и понатаму се појавува и стилистите го сакаат се високите потпетици во комбинација со чорапи. Без разлика дали се тенки или дебели, чорапите секогаш некако го наоѓаат патот до убавите салонки или сандали.