Кој е „метар и желба за растење“, а кој џин: Колку навистина се високи познатите мажи?

Кој е „метар и желба за растење“, а кој џин: Колку навистина се високи познатите мажи?

Објавена во: Мода // Moj стил

Во продолжение дознајте колку се високи познатите мажи...

Често може да се слушне дека поединци биле изненадени, а некогаш и разочарани кога се сретнале лице в лице со големите ѕвезди. Најчеста причина за тоа е тоа што не изгледаат како на малите екрани.

Иако е познато дека на сетовите на филмовите или во спотовите зад себе имаат шминкери, фризери и стилисти, но е повеќе од јасно дека и ѕвездите се само луѓе кои не може 24/7 да бидат средени и дотерани, но она што многумина и понатаму најмногу ги шокира е нивната висина.

Кога се жените во прашање тоа не може да не изненади многу, особено поради високите потпетици, но кога станува збор за мажите, лесно може да не измами впечатокот кој го добиваме преку екраните. Затоа, во продолжение погледнете колку се високи некои од најпознатите момци на денешницата:

# Џастин Бибер

Многумина беа убедени дека Џастин е висок барем 180 сантиметри. Меѓутоа, вистината е дека Бибер една успеал да стигне до 175.

# Хари Стајлс

Некогашниот фронтмен на бендот „One Direction“ е висок 183 сантиметри.

# Бен Афлек

Старо - новото момче на Џенифер Лопез е високо дури 192 сантиметри.

# Џони Деп

Легендарниот актер го обожуваат ширум светот, а неодамна беше во посета на Србија. Популарноста накратко му ја расипа бракот со Амбер Хеард, меѓутоа, актерот успеа да ја докаже својата невиност. Висон е скромни 178 сантиметри, но тоа не налува фактот дека е еден од најголемите заводници на сите времиња.

# The Weeknd

Иако е висок само 173 сантиметри, тој успеа да ѝ биде момче на официјално најубавата жена на светот Бела Хадид, а потоа и со Анџелина Џоли.

# Дамиано Давид

Италијанскиот заводник може да се пофали со висини од 180 сантиметри.

# Крис Хемсворт

Крис Хемсворт е висок дури 192 сантиметри што го прави еден од највисоките мажи на оваа листа.

# Џастин Тимберлејк

Поранешното момче на Бритни Спирс е високо 185 сантиметри.

# Том Круз

Често се споменува дека користи бизарни начини преку кои се обидува да изгледа дека е повисок од тоа што всушност е. Имено, актерот наводно користи посебни влошки за обувки, за да додаде неколку сантиметри на висината. Само не знаме зошто му е тоа, бидејќи и со скромните 169 сантиметри ги има некои од најубавите жени во Холивуд.

# Леонардо Дикаприо

Вечниот ерген Леонардо Дикаприо е висок 183 сантиметри.

# Кијано Ривс

Ѕвездата на „Матрикс“ е висока 186 сантиметри.

# Канје Вест

Нека не ве изненадува, но познатиот рапер е висок само 173 сантиметри.

# Вин Дизел

Познатиот актер е висок 182 сантиметри.

# Двејн Џонсон

Исвен што има мускули на кои многумина му завидуваат, Двејн кој го носи прекарот „The Rock“, може да се пофали и со својата висина - 196 сантиметри, што го става на врвот на листата на највисоки мажи.

# Џесон Стејтман

Популарниот актер е висок 177 сантиметри, но тоа не му пречело да ја освои една од најубавите жени на светот, манекенката Рози Хантингтон.

# Реге Жан - Пејџ

Познатиот „војвода“ го воодушеви целиот свет, а иако на малите екрани изгледа дека е многу висок, во реалноста има скромни 178 сантиметри.

# Адам Левин

Еден од најпопуларните музичари е висок 182 сантиметри.

# Џан Јаман

Турскиот заводник може да се пофали со висина од 183 сантиметри.

# Принцот Хари

Господинот кој направи потполен хаос во кралското семејство е висок 186 сантиметри.

фото: CHRISTOPHER PETERSON / SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA

# Принцот Вилијам

Неговиот брат, Вилијам е висок дури 191 сантиметар.

фото: SHUTTERSTOCK

# Том Харди

Кршачот на женските срца е висок скромни 175 сантиметри.

# Џеред Лето

Многумина сметаат дека популарниот заводник е помеѓу најниските на оваа листа, но изгледот мами. „Џокер“ може да се пофали со висина од 180 сантиметри.

# Машин Ган Кели

За него велат дека е „толку убав што боли, но навистина“, а многумина не гледаат што виде во него Меган Фокс, една од најсексапилните жени на светот. Сепак, музичарот може да се пофали со висина од 192 сантиметри, па покрај него актерката навистина изгледа како џебна Венера.

# Дејвид Бекам

За фудбалерите обично се тврди дека се ниски, но Дејвид дефинитивно не влегува во оваа теорија, бидејќи е висок 180 сантиметри.

# Зек Ефрон

Актерот, кој стана популарен од „Средношколски мјузикл“ е висок скромни 173 сантиметри.

# Рајан Рејнолдс

Во Холивуд дефинитивно ја однесе титулата најдобар сопруг, а освен што покрај себе ја има една од најубавите жени на светот, Рајан е висок 188 сантиметри.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: