Која е историјата и значењето на танцот?
Танцот постои со векови, од
зачетокот на човештвото. Тоа е нешто што тлее во нашето општество, што е клучно
за сечиј развој. Има многу различни форми на танцување, од македонските ора до
виенски валцер. Секогаш постои форма изградена врз културата на една заедница. Ова
се должи на нашиот развој. Денес со самиот информатички напредок сега секој има
пристап до стотици видови на танци. Може да отворите YouTube, Facebook
или Instagram
и веднаш да го најдете тоа што
го сакате. Најважно од сѐ, сега може да се
пронајдете себеси.
Исто како и првите пештерски цртежи, првиот танц може со сигурност да претпоставиме дека е ритуален. Од ритамот на природните звуци, дрвјата и грмотевиците, се имаат родено основните музички звуци кои подоцна прераснуваат во мелодија. Тие звуци добиваат правец на рок музика, техно, хаус, хип хоп, рап, блуз, итн. Нашата способност, како луѓе е да го најдеме скриеното значење во звуците и симболите и да ги преточиме во нешто физичко и допирливо како танцот. Тој постепено се развива за денес да имаме голем број на видови на танци, секој со различно значење. Некогаш играме за да се опуштиме, за забава, за изразување итн. Понекогаш сакаме само да уживаме во музиката.
Една од клучните цели на танцот е социјалната комуникација и разбирање. Преку танцот зборуваме универзален јазик. Со самите движења можеме да искажеме нешто што ниту еден збор не може да го пренесе. Често во нас ги потиснуваме овие зборови и не можеме секогаш лично да ги кажеме. Понекогаш користиме Facebook или Instagram да се искажеме, но затоа сега постои нов темел за да ги изразиме овие мисли и чувства - преку танц, без разлика тоа дали е латино, балет, хип хоп или друго.
Во Капитол мол сега секој ќе може да ја најде својата платформа за танц. На 6-ти и 7-ми октомври се одржуваат Денови на танц каде неколку различни танцови школи ќе ги претстават своите програми и методи. Исто како што Брејк а лег студио и Аква денс клуб, наместо со зборови и агресија, со танц покажаа кој е најдобар пред неколку дена пред Капитол мол. Овие сабота и недела откријте нов свет за спознавање на себеси преку танцот. Повеќе информации може да најдете на: https://www.facebook.com/capitolmall/
Воедно, некој и да изигра дождовен танц пред викендот тоа во Капитол мол нема да е проблем поради идеалните услови во секој период од годината, а може и да најдете одлични локации за шопинг, уживање и забава.